Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) освои 49 награди за дизајн на интернационалната манифестација ИДЕА (IDEA – International Design Excellence Awards), меѓу кои и една златна, шест сребрени и две бронзени награди. До сега, ова е рекорден број признанија кои една компанија ги има добиено во текот на една година.
“Нашите иновации се насочени кон потребите на корисниците и и во иднина ќе продолжиме да вложуваме напори во дизајн кој има суштинска важност за нивните секојдневни животи.“ – изјави Донте Ли (Dontae Lee), Извршен Потпретседател и Директор на Корпоративниот Дизајнерски Центар во компанијата Самсунг Електроникс.
Компанијата Самсунг освои златна награда за:
- Бежичен систем за аудио-визуелен идентитет – овозможува конзистентност во испраќањето на брендинг пораки со визуелно прикажување на моќните аудио и уникатни дизајнерски карактеристики на брендот, прилагодено за генерацијата Миленијалци.
Компанијата Самсунг освои шест сребрени награди за:
- “Dual Cook Flex“ – печка со премиум квалитет, софистицирани линии и минималистички дизајн. Има флексибилен систем за отворање на вратата за подготовка на повеќе од две јадења истовремено, без голема загуба на топлина.
- Колекција на вградливи кујнски апарати за готвење – чиј комерцијален дизајн го усовршувале професионални готвачи. Колекцијата е составена од печка, вградени плочи со рингли, професионален самостоен шпорет, аспиратор и машина за перење садови со беспрекорен професионален дизајн. Функционалноста инспирирана од советите на професионалците е овозможена преку ИоТ опцијата за поврзување и обезбедува фантастично искуство при подготовката на храна.
- Уред за поврзување на мрежата на итни служби (ESN, Emergency Service Network) – рачен мобилен уред кој во потполност е оптимизиран за средината во која работат итните служби, поддржувајќи ги сите нивни функционалности и гласовни пораки. Неговиот отпорен дизајн е практичен за теренска употреба. Уредот е отпорен на вода и прашина, во согласност со “IP68“ стандардот.
- Заоблен “CJ79 Thunderbolt 3 QLED“ екран – ултра-широк заоблен екран од 34 инчи, со сооднос 21:9 кој овозможува целосно уживање во визуелните содржини со својот природно заоблен дизјан.
- “The Frame“ – ТВ уред со кој ѕидовите едноставно оживуваат, со режим за приказ на уметнички дела (“Art Mode”) кој во секојдневниот живот внесува доза инспирација.
- “VL5/VL3“ бежична серија аудио уреди – бежичен аудио систем со единствен дизајн кој овозможува едноставна инсталација на било кој дел од домот и овозможува вистинско уживање во добриот звук.
Покрај златната и сребрените награди, Самсунг е добитник и на две бронзени награди:
- Галакси С8/С8+ (Galaxy S8/S8+) и Галакси Ноут8 (Galaxy Note8) – комбинацијата на екран без рамки и симетричен, заоблен дизајн овозможува совршено, реалистично искуство при уживање во содржините прикажани на мобилниот уред.
- Систем за приказ на визуелен идентитет “The Frame“ – Концепт кој совршено се вклопува во секој дом и јасно им ги прикажува на корисниците предностите од користењето на овој систем.