Желбата за зборување со животните тлее во многумина откако легендарниот филмски лик доктор Дулитл пред 50 години стана светски холивудски хит. Познавачите и футуристите сега веруваат дека тоа конечно може да се оствари, со помош на вештачка интелигенција и системи за превод кои ќе може „да разберат“ што животите мислат и „говорат” за нас.
Со помош на систем анализирани се 70 човечки јазици, со што би се утврдил модел по кој компјутерот би можел да го преведе она за што се говори, а да не го препознава јазикот што го толкува.
Аза Раскин, стручно лице за таков софтвер, и Брит Селвител, еден од основачите на Твитер, со здружени сили, сега работат на тоа да го дешифрираат јазикот на животните. Меѓу првите кои ќе бидат следени се китовите, мајмуните и слоновите. Во ситемот ќе бидат внесени 50.000 часа аудио-запис од комуникацијата што се одвива меѓу нив самите.
Потоа ќе следи споредба на нивниот со нашиот разговор, што, заедно и со лингвистички методи, ќе помогне да го разбереме и научиме јазикот на животните.