Volkswagen во јули 2019 година ќе прекине да го произведува легендарниот модел Буба.
Германската компанија порача дека производството ќе го заврши во нивната фабрика во Мексико, откако ќе ги произведат последните модели.
Легендарната Буба има свои корени во нацистичка Германија, кога е создаден „народен автомобил“, но овој модел набргу стана ѕвезда по успешните филмови на Disney, за автомобилот со име Herbie.
После неколку успешни децении, продажбата забележа пад во последните неколку години, посебно на клучниот американски пазар, бидејќи американските потрошувачи се повеќе се одлучуваат за поголеми автомобили.
Volkswagen, после скандалот во врска со емисијата на штетни гасови на дизел возилата и големата инвестиција во електричните возила, планира да го намали распонот на своите модели, односно својот фокус ќе го стават на производството на семејни и електрични автомобили.
Од компанијата истакнаа дека последните модели на Буба, ќе бидат достапни во купе и кабриолет верзии.