Израелската компанија “Masada-Armour” го произведе првиот училишен ранец отпорен на куршуми, поради заканите од пукање во училиштата, соопштуваат од компанијата.
Во соопштението на компанијата се наведува дека училишната торба може да се претвори во непробоен елек за помалку од две секунди, така што оклопната плоча се одлепува од скриениот дел на ранецот.
Military manufacturer swamped by bulletproof backpack orders as US school year begins https://t.co/nxkJxiPgeG
— Fox News (@FoxNews) September 4, 2018
Стандардната верзија на овој ранец може да запре куршуми испукани од пиштол, а понапредната верзија ги спречува куршумите од автоматско оружје.
Косопственикот на компанијата, Јаир Розенберг, изјавил дека производот е дизајниран со цел да се заштитат учениците во училиштата во случај на пукање.
https://youtu.be/3EXs6AgUsIU
“Луѓето бараат решение, а ова е многу корисно”, изјавил Розенберг. Тој истакнал дека компанијата забележала се’ поголем интерес за произоводт, во доба кога училиштата станаа места на конфликт.
Стандардниот ранец тежи три килограми и чини 500 долари, додека напредната верзија е малку потешка и изнесува 750 долари.
Извор: Blic.rs