Швајцарецот Вернер Јаисли изградил простор наменет за НЛО слетувања во дивината на Аргентина, но интересно е тоа дека тој тврди дека НЛО-дромот е изграден по инструкции кои ги добил од вонземјани. Поставката изградена непосредно блиску до малото гратче Качи во провинцијата Салта е всушност колекција од бели и кафени карпи кои се уредени во вид на ѕвезда наречена ‘ovniport’.
Тој тврди дека оваа структура е изградена откако тоа било побарано од него, за вонземјаните да можат полесно да слетаат на земјата. Интересно е тоа што оваа структура може лесно да се забележи од небото, а вонземјаните кои би сакале да се спуштат на земјата лесно би можеле да го најдат ова место.
Јаисли тврди дека вонземјаните се поврзале телепатски со него, па така тој бил мотивиран да ја изгради оваа структура со цел да им помогне во слетувањето.
„Тие се спуштија на околу 100 метри над нашите глави, и проектираа зрак од светлина со што можевме да ја видиме нивната светлост. Чудно е што тоа не го попречи нашето видно поле, туку беше како меурчиња кои патуваа низ мозокот; се работеше за наредба. Тие телепатски ми наредија да го изградам аеродромот,“ Јаисли изјави за аргентинскиот весник El Tribuno.
Овој НЛО-дром сега е една од најпосетените туристички атракции во Аргентина, и многу НЛО поборници често го посетуваат местото.
Популарниот YouTube канал за теории на заговор, UFOmania исто така прикачи видео од оваа структура, кое подоцна стана вирално. Неколку луѓе кои го погледнале видеото, ги споделија нивните мислења за овој бизарен акт.
„Ја очекувам снимката кога вонземјаните ќе слетаат,“ гласеше коментарот на извесен Investing Hustler.
„Оваа структура е наменета да му помогне на НЛО-то да го распредели својот статичен електрицитет, електромагнетната радијација и вибрациската фреквенција преку овие камења поради фактот дека постои потенцијална разлика. Дизајнот мора да биде таков, за енергијата да се распредели подеднакво и полека затоа што се друго би ја влошило ситуацијата,“ прокоментира корисникот Wayne90079.