Велика Британија веројатно нема да биде вклучена во Галилео проектот на ЕУ за позиционирање сателити, што ја става во исклучително тешка ситуација, а тоа е како да има пристап до прецизна навигациска технологија откако Брегзит би се официјализирал.
Eдинствениот начин е таа да изгради своја сателитска мрежа, а извори блиски на Telegraph тврдат дека премиерката Тереза Меј веќе ја нарачала изградбата на британски сателитски систем за позиционирање, кој би чинел околу 100 милиони фунти.
Според некои извори, официјално соопштение се очекува оваа недела. Не е јасно кога земјата би имала функционална мрежа, иако тоа секако би зависело од резултатите од првичните студии.
Секоја самостојно создадена мрежа најверојатно ќе биде скапа (3 милијарди долари според одредени проценки), а исто така и лесно е да се предвиди дека ќе има бројни несогласувања доколку планот се објави.
Но Велика Британија сепак има силни мотиви за да изгради свои сателити наместо да се потпира на туѓите. Најверојатно, земјата нема да има пристап до најпрецизиниот енкриптиран сигнал на Галилео, а најпрецизните системи за GPS податоци на САД се резервирани за војската. Така, внатрешен систем би бил единствениот начин британските воени сили да добијат прецизно лоцирање и безбедност каква што е неопходна.