На планетава постојат повеќе места на кои човекот не е добредојден. Едно од тие места е и островот Сурси кој се наоѓа на Исланд и каде се забранети какви било посети од луѓето. Можноста да го видат обдлизу ја имале само мала група научници.
Сурси е всушност едно од помладите места на нашава планета. Според официјалните научни записи овој остров е роден околу 1963 година, бидејќи претходно нема никакви записи за негово постоење. Тој се појавил како резултат на насилните вулкански ерупции во траење од три и пол години по ред. Ова е едно од ретките места на планетава во поновата историја на човештвото, каде човекот може да анализира формирање на цел екосистем формирана од нула, целосно недопрен и без влијание на човекот.
Островот достигнал проширување од 2,7 km² во 1967 година, што во текот на следните неколку децении е намален на 1,3 km² поради интензивните ерозивни појави. Првично таму имало само мов и лишаи, а во последните 20 години на Сурси се поставија и други 20 растителни видови, од кои само половина преживеале. Во однос на животните, први кои го посетиле островот се птици кои се гнезделе на него, а потоа и китовите.