Алигаторот Муја пристигнал во Зоолоошката градина во Белград, пред почетокот на Втората светска војна. На негови 83 години, се смета за најстариот алигатор на светот, здравјето го служи добро и има одличен апетит, пишува „Ројтерс“ во објава посветена на Муја.
Алигаторот не се движи многу, освен за време на хранењето. Поради годините, понекогаш се случува непрецизно се фрла врз својата мета, но засега негов единствен здравствен проблем е гангрената, поради која во 2012 година, му бил ампутиран дел од десната нога.
Муја пристигнал од Германија во август во 1937 година, кога имал две години. Тој два пати го преживеал бомбардирањето на Белград, пришто била изгубена официјалната документација за неговиот трансфер во српската зоолошка градина.