Во повеќето случаи кога паметните телефони ќе „полудат“, не се виновни тие, туку ние. Ова се грешки што постојано ги правиме додека работиме со паметните телефони. Еве на што да внимавате и како да ги промените навиките.
1. Веруваме дека малку вода нема да им наштети
Можеби се чини банално, но чувајте ги вашите уреди од вода. Ако сепак се случи да падат во вода, немојте веднаш да ги ставате во ориз. Прво извадете ја батеријата бидејќи таа е најчувствителна, потоа СИМ картичката и мемориската картичка. Дури потоа ставете го уредот во ориз.
2. Не се грижиме за тоа каде ги оставаме
Не е добро да се става мобилниот во кошницата од велосипедот или некое друго место што постојано се движи и удира. Сите знаете зошто – сите тие мали удари може да му наштетат на уредот, а состојбата станува полоша со текот на времето. Ставете го во џебот или чантата, дури и кога возите во автомобилот.
3. Чекаме да се испразни мобилниот до крај за повторно да го наполниме
Сте слушнале дека уредите треба да ги оставите да се испразнат, а после тоа да ги наполните? Ова правило важеше за старите батерии, но на оние во новите уреди тоа нема да им наштети. Вистина е дека батериите имаат одреден век на траење што се мери со количината на полнење, но само во проценти. Идеално би било батеријата да се држи на ниво од 20 до 80 отсто.
Исто така, ако мобилниот остане подолго на полнач, тоа нема да му наштети на батеријата бидејќи таа не може да се „преполни“. Новите батерии го блокираат протокот на струја откако ќе се наполнат до крај.
4. Купуваме евтини полначи
Некои сопственици на паметни телефони купуваат евтини заменски полначи или батерии од различни причини, но тоа го прават на штета на својот мобилен. Ваквите производи често не се сигурни, секогаш траењето им е пократко и можат да предизвикаат непосакувани последици како експлозија или пожар. Бидете внимателни и купувајте оригинални уреди – чинат повеќе, но се безбедни.
5. Користиме „ултра-брзи“ полначи
Некои полначи ветуваат многу, па дури и полнење до 100 отсто од батеријата за помалку од еден час. Пред да ги купите, размислете и проверете дали вашиот мобилен поддржува вакво полнење.
6. Ја оставаме заштитната маска на мобилниот
Ретко ја отстрануваме заштитната маска од мобилниот додека тој се полни, но тоа му штети на телефонот. Маската може да ја задржи топлината па уредот и батеријата можат да се прегреат што доведува до непосакувани, па дури и опасни последици.
7. Го изложуваме мобилниот на сонце и на топлина
Високите температури се најлошото нешто за батериите на паметните телефони, а сончевата светлина не е добра ниту за екранот. Ако мобилниот телефон е подолго време изложен на светлина, бојата и контрастот на екранот може да избледат. Најдобро би било мобилните секогаш да ги чувате подалеку од извор на силна светлина и топлина, по можност на собна температура.
Истото се случува и со студеното време. Во текот на зимата, на батеријата ѝ е потребно повеќе енергија за работа, па чувајте ги мобилните во внатрешните џебови на јакната или во заштитни маски.
8. Избираме погрешна позадина
Светлите позадини, па дури и статичните фотографии, бараат повеќе енергија за полнење. Затоа, заменете ја вашата позадина со некоја потемна и батеријата ќе ви трае подолго.
Истото важи и за светлината на екранот. Кога и да сте во можност, намалете ја на минимум.
9. Се обрнуваме внимание на временската прогноза
Сигурно се прашувате каква врска има временската прогноза со мобилните телефони. Има, голема. Повеќето луѓе не се грижат за лошото време и грмотевиците, но на сите уреди можат да им нанесат голема штета. Бидејќи некои уреди имаат филтри што ги чуваат од висок напон на удар на гром, мал дел од нив можат да го преживеат светлосниот шок што громот го предизвикува.
10. Не ги чистиме доволно ниту телефоните ниту екраните
Кога последен пат сте го направиле тоа? Можеби е време да го исчистите вашиот мобилен телефон, но внимавајте како ќе го правите тоа. Познато е дека мобилните понекогаш содржат повеќе батерии од ве-це школка, но тоа не мора да биде случај со вашиот уред.
Извор: Tportal.hr