Египетските работници во градот Луксор за време на поправка на пат пронајдоа нова статуа на Сфинга. Според информациите од официјлен преставник на министерството, Сфингата е во облик на лав со човечко лице, слична на онаа најпознатата од Гиза.
Експертите сè уште не брзаат да го ископаат античкиот споменик од земјата, за да не ја оштетат поради големите климатски промени. Сфингата во Гиза е дело на четвртиот фараон на четвртата династија на Старото Кралство на Египет (околу 2500 п.н.е.), Кефрен. Статуата на лав со човечко лице, е врежана од карпа, и натаму е најголемата пронајдена досега во светот