Сонцето е прилично „просечна ѕвезда“ во однос на тоа што досега му е познато на човештвото кога станува збор за другите ѕвезди.
Како и да е, станува збор за возбудлив „нуклеарен реактор“ кој што создава псевдоторнада и соларни факели и испраќа млазови на плазма далеку во ноќта.
Новата студија открива уште еден фасцинантен факт – Сонцето се шири и собира на секои 11 години и тоа за 1 до 2 километри. Поради тоа, научниците велат дека изгледа како бавно да дише.
Станува збор за многу слаби придвижувања, затоа што тие дополнителни километри го менуваат распонот на Сонцето за најмногу 0.00029 проценти. Имајќи го тоа во предвид, изгледа невозможно екипите од Технолошкиот институт Њу Џерси и Универзитетот Азурен брег воопшто што забележале дека има такви промени.
The Sun Is Changing Shape And We're Not Sure Why via @IFLScience: https://t.co/odlwq45MtI
— abba umar scientist (@abba_scientist) July 29, 2018
Научниците се сконцентрирале на млазовите на плазма кои што се исфрлаат и повторно се враќаат на површината на сонцето. Се покажало дека фреквенциите на овие бранови не се толку различни од звучните бранови кои што ги создава еден музички инструмент.
Тие сето тоа го објаснија со пример – доколку одсвирите една нота со саксофон, звукот се слуша најнормално. Меѓутоа, доколку цевката во саксофонот биде проширена, тогаш висината на тонот ќе опадне, а доколку се стесни, тонот ќе биде повисок. Исто така се менуваат и фреквенциите на брановите во зависност од ширината на Сонцето, а тоа може доста прецизно да се измери.
Sun Spots: 0 as of 07/29/2018 : 10.7cm Flux: 68 #spacewx #solarstorm #hamr #swl pic.twitter.com/yvU7Tmwb6x
— NW7US (@NW7US) July 30, 2018
Сепак, иако примерот е едноставен, тоа во пракса воопшто не е лесно, затоа што биле потребни 21 години за надгледување на Сонцето преку два одвоени телескопи на НАСА за да се дојде до ова откритие.
Самото „дишење“ на Сонцето исто така е поврзано со соларните циклуси. На секои 11 години Сонцето од немирниот соларен максимум се спушта до помирен соларен минимум.
Кога е на својот максимум, темните дамки интензивна магнетна активност се појавуваат почесто и најчесто ги има под и над екваторот. Ова ја зголемува можноста за појавување на сончеви бури, чии што последици можат да варираат од зголемена поларна светлина на небото, до дефекти на електричната инфраструктура. За време на минимумот, сончевите дамки стануваат поретки.
Оваа активност е последица на магнетната активност која што се одвива длабоко под површината на длабочини поголеми од повеќе милиони метри. Инаку, доколку се прашувавте, овие мали промени на сончевите димензии, како што велат научниците, не влијаат на климата на Земјата.
Извор: Kurir.rs