Теориите на заговор велат дека со помош на пописот на луѓето што ни го гледаат таканареченото стори на „Инстаграм“ можеме да утврдиме кој нѐ следи. Има ли вистина во тоа?
Има луѓе што веруваат дека „Инстаграм“, популарниот сервис за фотографии во сопственост на „Фејсбук“, открива чии фотографии ги гледаме и дека оние што се на врвот на листата на луѓе кои го виделе нашето стори воедно се и оние што најмногу нѐ следат.
Алгоритамот кој управува со тоа е строго чувана тајна, па начинот на кој „Инстаграм“ точно го прави тоа и понатаму ќе остане непознат за пошироката јавност.
Некои од наведените елементи се помалку важни, а други повеќе. Исто така, алгоритамот настојува да ви прикаже што е можно повеќе содржини, а важно е и со кого сте поврзани на „Фејсбук“. Значи, она што го правите на „Инстаграм“ се одразува на содржината што ќе ја видите.