Ветровите што доаѓаат од Сахара распострануваат низ светот повеќе од 4 милијарди тони песок и прашина, оваа прашина го минува Атлантикот и редовно ги удира земјите на Мексиканскиот залив. Во Тексас овие ветрови полни со песок и прашина знаат да издгледат како некоја библиска чума која предизвикува тешка кашлица кај населението.
Според новите истражувања, кашлицата кај луѓето дури е добредојдена, бидејќи овие песочни ветрови прават повеќе добро отколку лошо.
Група научници од Универзитетот на Тексас открија дека кога песокот и прашината минуваат низ Атлантикот, тие ја апсорбираат или рефлектираат светлината од сонцето со што океанот не се загрева толку многу. Намалената температура на океанот не дозволува формирање на урагани и други бури кои што во последната декада се зачестија.
Зачестените урагани и бури само во последните неколку години одземаа многу животи и нанесоа штети во износ од над трилион долари.