Новиот модел наводно ќе го користи Wear OS, наместо оперативниот систем Tizen.
Паметните часовнци не се популарни како што беа пред неколку години, но тоа оваа година би можело да се промени затоа што Google го подготвува својот Pixel Watch, Qualcomm работи на нови процесори, а Samsung се подготвува за лансирање на Galaxy Watch.
Ако може са им се верува на гласините, Samsung оваа година би можеле да го имаат најдобриот модел, пред се поради тоа што наводно ќе користи Wear OS, наместо оперативниот систем Tizen.
Предноста на Wear OS е тоа што нема проблеми кога се во прашање достапните апликации, вклучувајќи ги и Spotify, Google Maps, Nest, Uber, Delta и многу други популарни апликации, нешто што Tizen не може да го понуди. Покрај, наместо S Voice гласовниот асистент кој што го нуди Tizen, Wear OS ќе пристигне со Bixby, а ќе има поддршка и за Google Assistant.
Покрај споменатото, Wear OS е прилично едноставен за користење, па тоа ќе биде уште една предност поради која што се очекува Galaxy Watch да биде популарен на пазарот. Samsung константно работи на единствен хардвер кога се во прашање паметните часовници, па тоа се очекува и кај Galaxy Watch моделот.
Според гласините, Galaxy Watch би требало да пристигне и со вграден мерач на крвен притисок, покрај веќе стандардниот мерач на отчукувања на срцето.
Сепак, се уште не може со сигурност да се тврди дека новиот паметен часовник на јужнокорејската компанија ќе пристигне со сите споменати функции, но доколку тоа се случи, јасно е дека ќе биде најпопуларен на пазарот.
Извор: PCPress.rs