Саркофаг, тежок 30 тони е најголемиот кој некогаш е откриен во Каиро, што веднаш отвори шпекулации во локалните, но и во светските медиуми, дека би можело да станува збор за гробот на Александар Велики.
Египетските археолози вчера ја угасија секоја надеж дека во неодамна откриениот саркофаг има остатоци од Александар Македонски, заклучувајќи дека станува збор за мумии на тројца членови на „обично семејство“.
Градежните работници, минатиот месец случајно открија околу 2.000 години стар саркофаг од црн гранит, на градилиште на станбена зграда, во историскиот средоземен град Александрија.
Саркофагот тежок 30 тони е најголем кој некогаш е откриен во овој град, па тамошните граѓани шпекулираа дека веројатно станува збор за последното почивалиште на Александар Македонски, кој во 331 година пред новата ера го основаше овој град, кој до ден денеска го носи неговото име.
Египетското министерство за антиквитети, веднаш објави дека се мали шансите за тие приказни да бидат вистинити, а вчера дефинитивно ги отфрлија.
„Откривме скелети од тројца луѓе и се чини дека станува збор за семејна гробница. За жал, мумиите не се во најдобра состојба и од нив се останати само коски“, рече Мустафа Вазири, главен секретар на министерството.
Гробот на Александар Македонски, кој почина во 332 година пред новата ера во Вавилон, и понатаму останува мистерија.
Саркофагот од Александрија е последен во низата на интересни археолошки откритија од оваа година во Египет, помеѓу кои е и 4.400 години стар гроб во Гиза и древна некропола во Миниј, јужно од Каиро.
Отворањето на саркофагот во египетските медиуми предизвика страв, дека би можело да се исполни пророштво старо илјадници години.
„Го отворивме и благодарение на Бога, темнината не завладеа со светот. Јас прв погледнав во саркофагот и еве ме овде сум, пред вас“, вели Вазири.
Извор: B92.net