Главниот адут на новиот модел Alcatel 5V е „FullView 2.5D“ екранот со дијагонала од 6,2-инчи, со однос на страните 19:9, кој зафаќа 88 отсто од предната површина на уредот.
Тука е и, сега веќе неизбежниот „notch“ или „заб“. Разновидната функционалност е базирана на вештачката интелегенција, како што е Google Lens.
Тука е и двојната задна камера, која се состои од еден сензор од 12 и другиот од 2 мегапиксели. Вториот служи за остварување на „bokeh“ ефекти и подобри фотографии во услови на послабо светло.
Камерата исто така има и напредни функции засновани на вештачката интелегенција, како што е можноста за препознавање на 11 различни сцени за фотографирање.
Alcatel 5V има сензор за отпечаток на прстот на задната страна и биометриската технологија „Face Key“, која овозможува отклучување на уредот со препознавање на лицето, врз основа на препознавање на 160 различни единствени точки.
Oд другите карактеристики, тука е осумјадрениот MediaTek MT6762 чипсет, 3GB RAM, 32GB интерна меморија со можност да се прошири со microSD картичка до 128 GB, батеријата со капацитет од 4.000 mAh и оперативниот систем Android 8.1 Oreo.
Alcatel 5V на одредени пазари ќе пристигне веќе овој месец и ќе се продава по цена од 200 долари.
Извор: B92.net