Откако Европската комисија му изрече казна на Google во висина од 4,34 милијарди долари поради нефер однесување во контекст на пласирањето на апликациите на паметните телефони на корисниците, пристигнуваат информации дека поради оваа одлука Android можеби повеќе нема да биде бесплатен.
“Google го искористи Android како возило за зацврстување на доминацијата на својата платформа за пребарување на Интернет. На Европските потрошувачи им ги скратија бенефициите за ефективна конкуренција во сферата на мобилните телефони”, рекла Маргарет Вештагер, претставничката на Европската комисија.
Комисијата сооптшила дека Google го прекрши законот кој бара од произведувачот на своите уреди да инсталираат Google Search и Google Chrome во склоп на условите за користење на продавницата на Google за апликации – Google Play Store.
Извршниот директор на Google, Сандар Пичаи на својот блог ја одбрани одлуката на компанијата за групирање на истражувања и апликациите на Chrome на Android и го истакна фактот дека просечен корисник на Android ќе инсталира околу 50 апликации и едноставно ќе ги отстрани претходно инсталираните апликации. Но, Google, со спречувањето на групирањето на сопствените апликации ќе го вознемири екосистемот на Android, смета Пичаи.
Тој објасна дека ако произведувачите на телефони и операторите на мобилните мрежи не би можеле да ги вклучат нивните апликации на свој широк распон на уреди, тоа би ја уништила рамнотежата на екосистемот на Android.
“Досега деловниот модел на Android значеше дека ние не сме морале да ги наплаќаме произведувачите на мобилни за нашата технологија или да зависиме од цврсто контролиран дистрибуциски модел. Но, загрижени сме дека оваа денешна одлука ќе ја наруши нашата рамнотежа со Android и дека ќе испрати загрижувачки сигнал во корист на сопствениот состав на отворените платформи”, напиша Пичаи.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли