По малку повеќе од три недели излегува долгоочекуваниот Galaxy Note 9. Аналитичарите, сепак веќе се насочуваат кон следниот предводник на компанијата Galaxy S10. Во неделата, познатиот на сите аналитичар Минг-Чи Куо изјави дека очекува S10 да се нуди во три големини – со 5.8-, 6.1- и 6.4-инчен екран. Овие се речиси истите големини што аналитичарот ги предвидува за новите модели на iPhone.
Двата поголеми модели ќе имаат вграден во дисплејот сензор за отпечаток, според Куо. Помалиот пак ќе има стандарден сензор на грбот. Ова значи дека корејскиот гигант ќе пушти еден поприфатлив паметен телефон од двата со посериозна цена.
Која е разликата помеѓу 6.1 и 6.4-инчниот модел, не е јасно. Galaxy S9 моментално е достапен во две верзии со 5.8 и 6.2 инчен екран, со разлики во нивните спецификации, што се минимални. На пример, поголемиот има двојна главна камера и повеќе RAM меморија. Веројатно ќе видиме нешто слично кај новите модели.
Знаете дека Куо е генерално познат по своите „претпоставки“ за новите производи на Apple. Неодамна, сепак аналитичарот почна да зборува и за Samsung, па ќе очекуваме со интерес дали ќе се покаже во право и за идните производи на оваа компанија. И ние сме слушнале за вграден сензор за отпечатоци пред тоа. Куо сподели дека Samsung има потреба од ваква „иновативност“, за да се истакне пред новите смартфони на Apple, кои се потпираат на 3D скенер на лицето.
Друга гласина што неодамна ја слушнавме е дека Galaxy S10 може да има пет камери. Односно три задни – откако новото дополнување ќе биде широко- аголна камера, и две предни – а вториот сензор ќе помага за режимот за фотографирање на портрети. Во моментов, предводниците на компанијата располагаат со таков, но се потпира само на софтвер.
Ќе видиме колку прецизен ќе биде Куо во неговите предвидувања за овогодинешните модели на iPhone кои излегоа во септември. По тоа ќе се ориентираме до кој степен може да им се верува на изворите.
Има многу време пред официјалното претставување на Galaxy S10. Корејците обично ги објавуваат предводниците од оваа серија кон крајот на февруари. Како што доаѓаат студените месеци, сигурно ќе има повеќе информации, фотографии и шпекулации за јубилејниот модел на компанијата.
Извор: Klix.ba