Огромна санта мраз се движи кон едно село во западниот дел на Гренланд, поради што била наредена евакуација на населението, во случај големото парче мраз да се подели и да ги зафати домовите.
Ледениот брег е надвиснат над куќите во селото Инаршуит, но е приземјен и не се придвижил преку ноќта, пренесуваат локалните медиуми. Властите велат дека никогаш порано не виделе таков голем леден брег.
Оние жители на селото кои живеат најблиску до ледениот брег, денеска се преселиле, соопшти данската новинска агенција „Рицау“.Според информациите, селската централа и резервоарите за гориво се близу до брегот.
“Има пукнатини и дупки поради што стравуваме дека мразот би можел да надојде во секое време”, изјавил член на селскиот совет, за локалниот весник „Сермицјак“.
Некои експерти предупредуваат дека екстремните настани со огромни ледени брегови би можеле да станат почести поради климатските промени. Ова за возврат го зголемува ризикот од цунами.
Во јуни научниците од Универзитетот во Њујорк објавија видеоснимки од масовен леден брег што се оддалечува од глечерот во источниот дел на Гренланд.
Минатото лето, четири лица загинаа откако по земјотресот бранови поплавија куќи во северозападниот дел на Гренланд.
Извор: Макфакс