Интернационален тим од астрономи за првпат пронајдоа извор на високо-енергетски космички неутрино честички.
Неутрино честичките патуваат билиони светлосни години низ универзумот, и како духови без никаков проблем поминуваат низ ѕвезди, планети дури и цели галаксии.
Проектот што дозволи да се открие овој извор на неутрино честички започна кога IceCube телескопот на јужниот пол на 22 Септември 2017 целосно се осветли кога една неутрино честичка помина низ него.
Телескопите на земјата како и на вселената овозможија да се пресмета дека оваа егзотична честичка потекнува од галаксија одалечена повеќе од три билиони светлосни години, во соѕвездието Орион, каде што џиновска црна дупка служи како природен забрзувач на честички.
Дополнителна анализа покажа дека и претходно забележаните неутрино честички исто така доѓаат од истиот извор.
Ова откритие реши мистерија која ги мачеше научниците повеќе од 100 години, кој е точниот извор на овие космички зраци, високо енергетски субатомски честички што константно ја бомбардираат атмосферата на Земјата.