По несреќата во која автономно возило на Uber удри и усмрти пешак, американската транспортна компанија ги исклучи од употреба сите свои самовозечки автомобили кои досега сообраќаа во Питсбург.
Uber во меѓувреме ќе ја преиспитува својата автономна стратегија. Претставниците на компанијата на вчерашниот состанок информирале стотина возачи на автономните возила на Uber дека нивните работни позиции ќе бидат привремено укинати. Иако, со други зборови, речиси стотина вработени во компанијата добиле отказ, тие се задржани на платниот список – суспендирани се само самовозечките автомобили.
Uber има намера да креира 55 нови работни места под називот “специјалисти за мисија”, како за следење на патувањата така и за тестирање на автономните возила. Ваквата задача бара нови технички експерти кои ќе бидат посебно обучени, а возачите кои досега ја надгледувале работата на автономните возила исто така можат да се пријават за работа на новите позиции.
“Нашиот тим останува посветен во изградбата на сигурна технологија во самовозењето. Се радуваме на нашето враќање на патиштата во наредните месеци”, изјавил портпаролот на компанијата.
Убер претходно ги тестираше самовозечките автомобили во Сан Франциско и Торонто, меѓутоа првите автономни возила беа вклучени во сообраќај во 2016 година, во Питсбург.
Несреќата која го “чинеше” Убер повлекување на возилата се случи во март оваа година, а ова е прва несреќа во која вештачката интелигенција предизвикала човечка смрт на патиштата.
Извор: Klix.ba