Откако Huawei го објави импресивниот модел P20 Pro, телефоните со три камери на задниот панел ќе станат се попопуларни и ќе се појавуваат кај се повеќе и повеќе производители.
Според информациите од корејскиот весник „Инвестор“, аналитичарите на локалниот пазар веруваат дека Samsung ќе додаде три камери на задниот дел во Samsung Galaxy S10, кој се очекува следната година, заедно со сензор за 3D препознавање на лицето.
Ким Донг-вон од KB Securities предвидува дека Samsung ќе се обложи на овие додатоци за зголемување на продажбата, бидејќи оние на Galaxy S9 се послаби отколку што се очекуваше.
Предвидувањата се дека и Apple ќе додаде тројна камера во еден од следните модели на iPhone година. Повеќе камери во телефоните на Samsung значи и повеќе приходи за произведителите на компоненти.