Трамвај, кој работи без контактна мрежа и добива енергија за време на запирањата, беше лансиран во саботата во Ница, Франција. Според информациите, традиционалното снабдување со електрична енергија преку мрежа е заменето со систем за полнење кој му овозможува на трамвајот да ја чува енергија и да го изврши полнењето за време на запирањата.
„Целиот процес трае помалку од 20 секунди“, вели Француската компанија Алстом, која стои зад новитетот.
Иновативниот систем првпат беше воведен во урбаната транспортна мрежа и наскоро се очекуваат првите анализи на неговата работа.