Гигантот во е-трговијата Alibaba Group пушти свој сопствен платежен систем базиран на блокчеин-технологија и е развиен заеднички со Gcash и Globe Telecom Inc.
Во моментов, пристапот до услугите на блокчеин системот имаат корисници во Хонг Конг и Филипините, пренесе Блумберг. Но, плановите на кинеската компанија предвидуваат ставање на системот на други пазари во светот.
Сите плаќања ќе поминат низ најголемата банка во Хонг Конг – Standard Chartered. Со новата услуга е ангажирана подружница на Alibaba Group, а првото плаќање преку блокчеин системот беше направено за само 3 секунди.
Иднината на финансиските услуги е поврзана со блокчеин технологијата, сметаат многу аналитичари и експерти. Се очекува дека технологијата, која стана позната по криптовалутите, ќе ја пронајде својата примена во голем број други сфери.