Алгоритмите на Facebook кренаа доста прашина поради начинот на кој тие се изработени и како всушност оваа социјална мрежа ги пласира вестите до своите корисници.
Лажните вести и неможноста да се сопре нивното ширење прeку оваа социјална мрежа е можеби и една од најголемите причини поради која Facebook сѐ повеќе ги губи корисници.
Селективното споделување информации до своите корисници е уште еден огромен проблем поради кој Facebook го губи својот кредибилитет во поглед на информативна содржина што оваа социјална мрежа ја пласира.
Прашањето што се поставува сега е што ќе се случи во една ситуација кога Facebook веќе нема да биде доминантниот фактор во сферата на споделувањето вести… Каде ќе се насочат сега читателите? Одговорот лежи во агрегаторите на вести и токму поради тоа, GRIDви нуди нешто ново, иновативно и квалитетно.
Преку GRID апликацијата, самите одлучувате за тоа какви информации ќе добивате, од кои медиуми и области и на каков начин. Единствената селекција на вести е онаа што самите ќе ја направите преку изборот на соодветни категории вести или и преку тоа што сами може да направите нови категории вести по ваш вкус.
Пласирањето квалитетна информативна содржина е должност на GRID, а ваша должност е само да го направите изборот за тоа на која содржина ќе ѝ го посветите вашето време и внимание.