Од вчера во Хрватска е достапна бесплатна мобилна апликација Моја Патрола, која во секој момент открива каде се наоѓаат полициски патроли, камери и радари.
Принципот на работа е едноставен – оној кој ќе забележи полиција со еден клик пријавува локација каде се наоѓа. Корисниците добиваат известување за полициските патроли кои ги пријавиле други корисници.
Секој корисник во секој момент може да потврди или да ја негира локацијата на патролите. Сложениот алгоритам ја пресметува сигурноста на објавите, така што податоците кои се прикажуваат се максимално прецизни.
Со оглед на тоа што апликацијата работи по принципот „корисник за корисник“, нејзината цел е корисниците меѓусебно да си помагаат објавувајќи што поточни информации. Секој глас се бележи, па доколку сте дале точни информации за локација на патрола, вашата доверба расте. Лажните информации пак ја намалуваат. Апликацијата ги известува корисниците и за точноста на секоја информација.