Големите технолошки компании се погрижија најновите резултати секогаш да ви бидат на дофат на раката
Велат дека фудбалот е најважната споредна работа во светот. За некои и најважна, па фактот дека можеби нема да бидат во близина на телевизорот додека течат натпреварите, е голем проблем.
Но, не мора да биде така. Големите технолошки компании се погрижија најновите резултати секогаш да ви бидат на дофат на раката.
Apple својата гласовна асистентка Siri ја „научи“ сѐ што треба да знае за фудбалот за да им биде на услуга на корисниците.
Сите сопственици на Apple уредите што поддржуваат Siri можат да прашат информации за резултати, распореди за натпревари, состави на тимови или редот во групите.
Освен тоа, Apple Store нуди голем број апликации поврзани со фудбалот и Светското првенство.
И Facebook се погрижи навивачите секогаш да се информирани за натпреварите.
Во Facebook Messenger можете да користите навивачки филтери за без многу мака да им покажете на вашите пријатели на Facebook која држава ја поддржувате. Изберете ја Русија, Шпанија или Англија и направете фотографии во навивачки бои.
Ready for ??⚽️? We're kicking off the tournament with a new Messenger camera filter with different country flags matching the games being played (like ?? and ?? today).Show your spirit and try it out! ?
Posted by Messenger on Четврток, 14 јуни 2018
Доколку вашиот уред поддржува проширена реалност, ќе можете да уживате во техниките на шпанската ѕвезда Серхио Рамос во зголемена реалност, што дава интересни ситуации.
За оние помладите генерации на кои Snapchat им е омилен, тука се различни филтри и налепници со кои можете да ја изразете вашата поддршка за одредена репрезентација.
Секако, не треба да заборавите и на семоќниот Google, што ве чека во секој момент да ве информира за ситуацијата на Светското првенство.
Навивачите кои одат во Русија можат да го користат Google за превод, снаоѓање во градот, но и за информации за временската прогноза и состојбата во сообраќајот.
Доволно е да го прашате Google Assistant што ве интересира или да го напишете прашањето во пребарувачот.
ИЗВОР: Zimo.hr