Долгата потрага по гравитациони бранови можеби е во завршниот круг. Ротирачки бинарни ѕвезди или можеби други галаксии како Млечниот Пат но многу подалеку, или па можеби центарот на Млечниот Пат, се извори на гравитациона радиација.
Иако Џозеф Вебер, физичар во Универзитот на Мериленд, во 1969 објави дека детектирал гравитационен бран, никој не можеше да го потврди тоа. Требаше да поминат 50 години за истражувачите да можат директно да детектираат гравитациони бранови. Овие неправилности во просторот и времето настанати од спојувањето на две црни дупки откриени од ЛИГО ја потврдијата Ајнштајновата теорија за гравитација. Од тогаш научниците приметија и други гравитациони бранови настанати од црно дупки како и судир на неутронски ѕвезди.
Сега трио од вселенски летала наречени ЛИСА се планирани да се лансираат во 2034 од страна на Европската Вселенска Агенција.
Леталата ќе бидат распоредени во форма на триаголник и ќе кружат околу сонцето во орбитата веднаш позади онаа на земјата. Леталата ќе користат ласери вперени еден на друг со што ќе можат да приметат ако има микро промени во далечината помеѓу секое од нив.