Apple соопшти дека трајно ќе ги блокира хакерските алатки кои се користат од страна на институциите кои се надлежни за спроведување на законот за хакирање на iPhone во претходната верзија на оперативниот систем iOS.
Компанијата за Ројтерс изјави дека, иако ја почитува работата на агенциите кои ги штитат граѓаните, планира од неодамна документираната функционалност “USB Restricted Mode” да стане постојана која ќе ги блокира познатите хакерски алатки за iPhone произведени од страна на компании како што се GrayShift или Cellebrite.
“Ние постојано ја зајакнуваме безбедносната заштита во секој производ на Apple за да им помогнеме на корисниците да се одбранат од хакери, крадци на идентитет и упади во нивните лични податоци”, вели Apple во изјавата за Ројтерс, истакнувајќи дека ги почитуваат институциите кои го спроведуваат законот и со подобрување на заштитата нема за цел да ги попречат нивните напори да ја завршат својата работа.
Apple рече дека “USB Restricted Mode” започна со работа долго пред тие да дознаат дека институциите за спроведување на законот ги користат овие алатки за да се пробијат заклучените iPhone уреди. Оваа функција нема да бидат видлива за корисниците, но автоматски ќе се оневозможи комуникација преку USB порт, освен можноста да се полнат кога телефонот не е отклучен еден час.