Google воведува опција за делумно враќање на платените средства од корисниците за купувања и претплати во мобилните апликации. Според „xda-developers“ самите програмери веќе ќе можат да воведат процентна вредност за наплата на дел од платeнaта сума во некоја игра или апликација.
Google ќе откриe дополнителни детали како ќе работи функцијата и дали ќе ги покрие сите методи за плаќања во Play Store. Засега се знае дека делумното враќање ќе важи само за купувања направени по март, 2018. година.