Хибридното спортско купе на побрендот на Volvo, Polestar 1 е претставено уште во октомври, но јавноста за прв пат ќе види како ќе изгледа дури следниот месец.
Polestar 1 ќе дебитира на фестивалот за брзина Goodwood (12-15 јули) под контрола на главниот тест возач на компанијата, Јоаким Риндхолм – искусен рели возач и поранешен инженер во Volvo и Saab.
Заснован на Concept Coupe од 2013 година, Polestar 1 има хибриден погон кој го придвижува четирицилиндричен 2,0-литарски twin-турбо мотор и пар електромотори кои заедно даваат моќност од 600 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент.
Само со помош на електромоторите, Polestar 1 може да прејде 150 километри.
Polestar 1 ќе се произведува во Кина, а на пазарот би требало да се најде од средината на 2019 година, по цена од 155 илјади долари.