Ви треба пристап до безжична мрежа која е сигурна и квалитетна? Наместо да тапкате в место, погледнете ги овие корисни апликации и веб-страници кои ќе ви ги олеснат животот и потрагата по интернет.
Instabridge App: Free Wi-Fi Passwords and Hotspots
Instabridge е база на бесплатни Wi-Fi мрежи која ја одржуваат и оценуваат корисниците. Сè што треба да направите кога ќе одите во некој ресторан или кафе-бар е да ги вклучите поставките за WiFi додека апликацијата е активна, да ја изберете безжичната мрежа од локалот и автоматски ќе бидете логирани (сè додека келнерот не ја промени лозинката).
Кога ќе откриете нова WiFi оаза, можете како совесен и корисен член на заедницата да ја запишете лозинката за гостите после вас да не мора да прашуваат. Апликацијата е бесплатна и е достапна и за Андроид и за iOS.
WiFox
Ова е сеопфатна база на безжични мрежи на аеродромите низ светот. Достапна е на интернет, а можете и да ја симнете на Андроид и iOS. За само две евра, оваа апликација автоматски ќе ве приклучи на интернетот на аеродромот, а вие ќе бидете поштедени од потрагата по летоците што ви објаснуваат што точно треба да направите за да се приклучите на интернет.
Avast Wi-Fi Finder
Овој софтвер за наоѓање Wi-Fi, како што кажува и самото име, става акцент на безбедноста. Оваа апликација на корисниците им ги прикажува сите достапни хотспотови, како и оние што се во релативна близина. Пред да се поврзете на некоја мрежа, апликацијата ќе се обиде да ја провери за да открие дали станува збор за безбедно место. Ова е една мала, но клучна функција која не ја нуди ниту еден друг софтвер за пронаоѓање безжични мрежи. Апликацијата е бесплатна и достапна на Андроид и на iOS.
Places to work
Ова е веб-база на квалитетни безжични мрежи. Ако ѝ дадете пристап до вашиот ГПС, на мапата ќе видете точно каде се нуди привремено место за работа кое можете да го користите до крајот на денот. Секако, некои од локациите се кафе-барови, но бесплатниот квалитетен интернет е бесплатен квалитетен интернет, како и да го вртите.