Безбедноста е поважна од удобноста при користењето на различни апликации, особено оние поврзани со управувањето на финансиски текови.
Тоа е приоритет за Генерацијата Y (позната како Генерација „Millennials“ и „Echo Boomers“), покажува глобално истражување на IBM Security, спроведено меѓу 4.000 луѓе на оваа возраст во САД и Европа и го истражува нивниот став кон дигиталната идентификација.
Биометриските податоци стануваат најчесто користени – 67% од испитаниците се чувствуваат удобно и мирно, со користење на биометриска идентификација секој ден, додека 87% велат дека би претпочитале слични методи за заштита на нивните податоци во блиска иднина, соопштуваат од технолошката компанија.
Но претставниците на Генерацијата Y бараат многу повеќе од едноставна лозинка: додека 75% од нив користат биометрика за отклучување на уреди и апликации, помалку од половина измислуваат сложени лозинки и само 41% се потпираат на истата лозинка за влез насекаде.
Од IBM Security коментираат дека со постепеното преминување на работната сила во рацете на Генерацијата Y трендовите за користење на биометрика и повеќекратна заштита при идентификација можат да влијаат врз начинот на кој вработените и технолошките компании обезбедуваат пристап до уреди и апликации во блиска иднина.
Истражувањето покажува дека постарата генерација посветува поголемо внимание на генерирање на лозинки, но во исто време е поотпорна на биометриката.
„Доколку корисниците ја сфаќаат ранливоста на лозинките и ставаат уште повисок приоритет на безбедноста, време е во употреба да влезат понапредни методи за заштита, кои го потврдуваат идентитетот на неколку нивоа и можат да бидат базирани на однесување и ризик“, вели Лимор Кесем, извршен советник за безбедност на IBM Security.
Безбедноста како приоритет
Безбедноста е од огромно значење кај банкарските, инвестициските и финансиските апликации – во наведените категории близу 70% ја покажуваат безбедноста како врвен приоритет, 16% даваат тежина на доверливоста, а 14% – на удобноста.
Безбедноста е најважна за онлајн продавниците, деловните апликации и пораките. Во социјалните мрежи и апликации, приоритетите имаат еднаква тежина – удобност (36%), проследена со безбедност (34%) и приватност (30%).
Нови методи за најавување
Според истражувањето, 44% го ставаат отпечатокот како еден од најсигурните методи за идентификација; лозинките и ПИН-кодовите се пријавени како помалку безбедни (27% и 12%, соодветно).
Најголема загриженост на луѓето во однос на биометриската идентификација како целина е доверливоста (на кој начин податоците се собираат и обработуваат – 55%) и безбедноста (50% сметаат дека некој може да злоупотреби и да ги користи нивните податоци за пристап)
Алтернативни методи за заштита на профили
Само 42% од испитаниците користат сложени лозинки кои комбинираат специјални карактери, бројки и букви (против 49% од постарите, кои се залагаат за нив), а 41% „рециклираат“ лозинки и ги користат за пристап во неколку сметки и неколку пати (против 33% на возраст од 55+).
Во просек, луѓето над 55 години користат 12 лозинки, додека генерацијата Z (18-20 години) се потпира во просек на пет лозинки.
Претставниците на генерацијата Y имаат двојно поголема веројатност да користат менаџер за лозинка (34%) од луѓето на возраст од 55+ години (17%).
Генерацијата Y се обезбедува со двостепена идентификација против заканата од истекување (32% наспроти 28% од постарата генерација).
Иднината на идентификацијата
Анализите од извештајот на IBM Security покажуваат дека односот кон идентификацијата варира доста и перцепцијата на новите форми за заштита како биометриката расте.
IBM ги советува организациите да се приспособуваат на овие параметри искористувајќи ја предноста на платформи за идентификација кои даваат на корисниците избор меѓу повеќестепена идентификација – пример корисникот да избира помеѓу мобилни „push“ нотификации со отпечатоци или еднократен код за пристап.
Организациите, исто така, можат да балансираат меѓу барањето на опции за безбеден пристап и погодност, со користење на пристапи базирани на ризик. Тие активираат дополнителна заштита во одредени сценарија, како што се препознавање на звук, IP и други, велат од IBM Security.