Развојот на „емоционалната вештачка интелигенција“ ќе го промени начинот на кој луѓето разговараат со личните асистенти
Huawei развива персонален асистент на кој вештачка интелигенција би му овозможила да реагира на емоциите на своите корисници.
Персоналните асистенти на паметните телефони и на други уреди се ограничени на едноставни задачи како давање информации за времето или стартување апликации. Huawei развива технологија која ќе го смени начинот на кој луѓето разговараат со виртуелните асистенти и со развојот на нова генерација вештачка интелигенција ќе создаде асистент кој ќе ги исполнува и емоционалните потреби на корисникот
Идејата софтверот да може да го препознае расположението на корисникот и да одговори на соодветен начин се вика емоционална вештачка интелигенција. На пример, доколку асистентот препознае дека корисникот е осамен, ќе разговара со него. Предуслов за целосен развој на ваквите услуги е софтвер кој нема само висок коефициент на интелигенција, туку и емоционална интелигенција. Таквиот софтвер мора да го разликува расположението на корисникот за да не направи грешка во реакцијата.
Huawei смета на брз напредок во овој сегмент благодарение на платформата HiAI, односно целосно отворениот, практичен екосистем кој вклучува Cloud услуги и напредни уреди од новата генерација. HiAI платформата е база за независни програмери кои можат заедно со Huawei да развиваат решенија и услуги врз основа на вештачката интелигенција, но и со максимално почитување на приватноста.
Извор: Zimo.hr