Тим од научници од Универзитетот МИТ во САД создадоа нов начин да напојуваат и да
комуницират со медицински уреди вградени длабоко во човечкото тело.
Овие уреди можат да се користат да достават различни лекови, да мониторираат органи
или да лекуваат болест при стимулирање на мозокот со електрицитет или светлина.
За енергија имплантите користат посебна френквенција на радио бранови која не е
штетна за човечкото ткиво.
При тестирање на животните, научниците покажаа дека радио брановите можат да ги
снабдуваат со енергија уредите на длабочина од 10 cm во ткивото и 1 метар
одалеченост.
Бидејќи овие импланти не бараат бетерија, уредите можат да бидат многу поситни со што
се отвараат нови можности за нивна примена.
Во ова истражување, тимот од научници користеа имплант кој е со големина на зрно ориз,
но напоменаа дека зависно од потребата можат да се произведат и уште помали уреди.
Медицински уреди што можат да бидат голтнати или вбризгани во телото само со обична
игла отвараат нови начини на дијагноза, мониторирање како и лечење на многу болести.