После една година дена притисок од вработените и од јавноста Google донесе одлука дека повеќе нема да развива вештачка интелегенција за Пентагон која американската војска сака да ја користи за контрола на беспилотни дронови.
Десетина вработени на високи позиции во технолошкиот гигант дадоа отказ, кога Google почна да развива вештачка интелегенција наменета да се користи во воени цели.
Исто така илјадници вработени се потпишаа на писмо во кое побараа од Google да не се вклучува во воениот бизнис.
Проектот Мејвен имаше цел да развие вештачка интелегенција која ќе анализира огромно количество на податоци вклучувајќи и сателитски снимки за да може успешно да пронаоѓа терористички организации и да ги уништи пред да извршат напад.
Вештачката интелегенција е планирано сама да ги контролира воените дронови со кои ќе може многу брзо да ја неутрализира својата мета каде и да било во светот пред таа да стани реална закана.
Научниците кои што први работеа на овој систем се и првите што побараа Google да не учестувува во проектот, предупредувајќи дека вештачката интелегенција ќе може сама да донесува одлуки кои не се вклучени во оргиналното програмирање со што постои огромен ризик дека овој автономен систем може да се сврти против човештвото.