HMD Global направи прилично добра работа кога е во прашање враќањето и одржувањето на имиџот на Nokia – новите смартфони на Nokia се прилично отпорни и цврсти. Дали во овој клуб може да се придружи и Nokia 7 Plus? Одговорот на ова прашање ни го дава YouTube каналот JerryRigEverything, преку своите вообичаени тестови на издржливост.
Nokia 7 Plus користи Gorilla Glass 3 стакло, а не некоја од поновите верзии, иако ова може да биде и добра работа. Задната страна одава керамички впечаток, иако не се покажа посебно на тестот на гребење, бидејќи лесно се гребе. Меѓутоа, во прашање е само козметичко оштетување.
Она што е најбитно е како телефонот се снаоѓа на тестот на виткање. Нема да ви го откриваме крајниот резултат – погледнете го видеото и уверете се сами.
Поврзани артикли