Само три месеци по лансирање во вселената, најнапредниот сателит за време на Американската национална управа за океани и атмосфера (NOAA) под името GOES-17 ги испрати своите први фотографии на Земјата кои сега се достапни за јавноста.
Иако сателитот имаше неколку проблеми со еден од инструментите, погледот на нашата планета кој го забележа на 20. мај изгледа неверојатно.
GOES-17 е испратен во Земјината орбита за да работи заедно со моделот GOES-16, уште еден сателит за време кој NOAA го лансираше во 2016. година.
Два сателита, кој се дел од таканаречената GOES-R серија, можат да го скенираат поголемиот дел од западната хемисфера од африканскиот брег до Нов Зеланд.
Нивните запазувања од речиси 36.000 километри на Земјата се клучни за следење на урагани, суши, пожари, осветлување и магла.
Today, #GOES17 shares its first ABI instrument imagery, a stunning Full Disk view of our beautiful home planet, Earth. See more: https://t.co/rkpiJNRh9J pic.twitter.com/peGaMd3yyu
— NOAA Satellites (@NOAASatellites) May 31, 2018
Меѓутоа, сателитот GOES-17 има проблеми со системот на ладење кои пробуваат да ги поправат експертите од NOAA и NASA.
Овој сателит се уште е во фаза на тестирање и нема да биде во целост оперативен до крајот на 2018. година.