Годишниот состанок на акционерите на Facebook, настан на кој обично нема никакви случувања, годинава се карактеризираше со излив на бес и фрустрации во соочувањето на инвеститорите со директорите на компанијата, зад која стои година полна со скандали, наведува NBC News.
Американската телевизија оценува дека состанокот на моменти наликувал на „бунт“, при што инвеститорите го „решетале“ основачот Марк Цукерберг со прашања во врска со неговото раководење со компанијата и начинот на кој се однесувал кон скандалот со собирање информации од корисниците на саоцијаланта мрежа од страна на фирмата „Кембриџ аналитика“.
– Угледајте се на Џорџ Вашингтон, а не на Владимир Путин, му порача еден инвеститор на Цукерберг. Ваквата изјава во американските медиуми беше протолкувана како повик инвеститорот Цукерберг да ја следи одлуката на Џорџ Вашингтон за повлекување од функцијата претседател на САД.
Ен-Би-Си њуз наведува дека за време на изборот на членовите на Управниот одбор на Facebook, една жена го прекинала состанокот и ги повикала акционерите да спречат Закерберг повторно да биде избран за негов член. Сепак, сите осум членови на Одборот, вклучувајќи го и Цукерберг, беа повторно избрани.
Американската телевизија оценува дека состаноците на собранието на акционери обично се формалност, бидејќи гласачката моќ во компанијата и натаму ја контролира Закерберг и тесниот круг луѓе околу него, со што практично е невозможно да помине иницијатива на акционерите за негова смена, освен ако Цукерберг не реши сам да се повлече.
На состанокот беа одбиени сиите 66 иницијативи предложени од страна на акционерите, меѓу кои и онаа за измена на правата на глас, со што Цукерберг би ги загубил посебните гласачки права.