Еден корисник на Twitter објави видео на кое се гледа како го отклучува телефонот со исечена фотографија на своето лице, кое пред себе ја држи негов пријател. Компанијата OnePlus наводно подготвува надградба на системот која ќе го реши проблемот.

Отклучувањето на смартфон со лицето стана речиси стандард, но се уште не е пронајде совршен систем; дури и оној на iPhone X може да биде измамен ако се потрудите.

Но, се чини дека би можело да биде полесно да се заобиколи системот на новиот модел на кинескиот производител на паметни теелфони One Plus отколку кај другите.

Во видеото објавено на Twitter, корисникот rikvduijn демонстрираше отклучување на телефонот со исечена фотографија на своето лице, кое пред него ја држеше неговиот пријател. Уште полошо е тоа што трикот може да се изведе и преку црно-бела фотографија, објави Tech Radar.

Корисникот што ја објави видео снимката тврди дека OnePlus го истражува проблемот, па можеби наскоро ќе објави закрпа.

Сепак, самото ажурирање на софтверот не може да направи многу, па веројатно би било да се смета на тоа дека опцијата на отклучување на лицето кај OnePlus 6 не е доверлива како отклучувањето преку отпечаток од прстот.