Иако научниците се уште немаат точна потврда дека Плутон е комета, моделите кои ги изработија укажуваат на тоа дека во неговото средиште е исклучително студен мраз кој потекнува од кометите?
Со години учевме дека Плутон е планета, но откако астрономите му ја одземаа таа титула се поставува прашањето во која категорија тој всушност спаѓа? Дали се работи за месечина? Sвезда? Нешто трето?
Се чини дека Плутон е небеско тело кое е целосно поинакво и посебно од останатите. Истражувањето кое го спроведоа научниците од Southwest Research Institut покажа дека Плутон би можел всушност да биде – голема комета.
Научниците ги комбинираа податоци на New Horizons на NASA и мисијата Rosetta на Европската вселенска агенција и утврдија како мразот кој може да се пронајде на Плутон има ист хемиски состав како оној кој може да се најде на кометите.
“Пронајдовме интересна поврзаност помеѓу проценетото ниво на азот на површината на Плутон и количеството кое би можеле да очекуваме ако Плутон настанал со збивање на отприлика милијарда комети или други вселенски објекти, појасни др. Кристофер Глеин од Универзитетот.
Иако научниците се уште немаат точна потврда дека Плутон е комета, моделите кои ги изработиле укажуваат на тоа дека во неговото средиште има исклучително студен мраз кој можеби потекнува од старите комети.
Ако се покаже точна оваа теорија, а за тоа ќе бидат потребни многу истражувања, Плутон и неговите ледени јадра би можеле да ни пружат дополнителни информации за вселената, нејзината старост и настаните во текот на неговото настанување.
Поврзани артикли