Астрономите ја открија најбрзата ѕвезда позната досега во Млечниот Пат. Ѕвездата ита околу супермасивна црна дупка во центарот на нашата галаксија.
Ѕвездата, наречена S301, се движи со брзина од околу 25.000 километри во секунда или 100.000 пати побрзо од комерцијален авион. Таа е исто така најблиската позната ѕвезда до централната црна дупка на Млечниот Пат, Стрелец А*, приближувајќи се на растојание споредливо со растојанието помеѓу Сатурн и Сонцето.
„Посебноста кај оваа ѕвезда е тоа што орбитира околу Стрелец А* во многу тесна орбита, за што и треба само 8,7 години, и се приближува до црната дупка на растојание кое е само 12 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Ова е досега незабележано“, рече Феликс Манг, докторант на Институтот Макс Планк за вонземска физика во Гархинг, Германија, и еден од авторите на студијата за откритието.
Екстремната близина на ѕвездата до Стрелец А* би можела да отвори нови можности за научниците да ги истражат фундаменталните својства на црната дупка и екстремните услови околу неа, пишува „Гардијан“.
