Тим од Woods Hole океанографскиот институт откри бродолом стар 310 години. Станува збор за галијата San Jose која потонала во 1708. година во борба против британските бродови. Се претпоставува дека потонатата галија можеби да крие богатство во вредност од 17 милијарди долари. Откритието се наоѓа во близина на бреговите на Картагења во Колумбија. Откритието е направено пред 3 години, но дури сега се објавуваат податоците. Бродот носел тони злато, сребро и смарагди, кои биле пронајдени на 600 метри под морската површина.
Иако точната локација се држи во тајност, беше објавено дека пронајдокот е направен од страна на Remus 6000, беспилотна подморница, која била управувана од страна на инжињери од Woods Hole.