Новата Nvidia GTX 1050 3GB GPU графичка картичка, е интригантен модел чии карактеристики, во некои сегменти, претставуваат надградба на GTX 1050 Ti моделот, додека истовремено во некои сегменти се послаби од GTX 1050.
Nvidia, за да може да направи 3GB VRAM графичка картичка, мораше да ја намали магистралата на меморијата на GTX 1050 картичката од 128 бита на 96 бита, што влиjae на намалување на меморискиот прток за 25 отсто во однос на стандардниот GTX 1050 GPU.
Од друга страна, кога се во праашње CUDA јадрата и брзините на работниот такт, GTX 1050 3GB е побрз од GTX 1050 Ti моделот.
Овие спецификации го прават GTX 1050 3GB GPU производ кој не е ни GTX 1050 ни ГТ 1050 Ti, а нуди преднсоти и недостатоци што го прави прилично збунувачки модел.
Моментно не е познато кога Nvidia планира да го пусшти во продажба, како ни дали графичката картичка ќе биде широко дистрибуирана на глобалниот пазар.