Се чини дека Google веќе знае за вас многу повеќе отколку што мислите.
Неодамнешна снимка на технолошкиот гигант кој протече во јавноста демонстрира на кој начин мноштвото собрани податоци би можеле да се користат за контрола на неговите корисници.
На видео снимката наречена The Selfish Ledger, може да се види како машините се свесни за своите потреби уште пред вас, и можат да ве убедат да го следите нивниот сопствен дневен распоред.
Google признава дека видеото е “вознемирувачко”, но истакнува дека во прашање е само теоретски концепт.
Сепак, неодамнешниот скандал со компаниите Facebook и Cambridge Analytica покажа дека сомневањата на “обилните смртници” не се неоправдани.
Автор на снимката стара две години е Ник Фостер, директор на дизајнот на компанијата X и коосновач на Near Future Laboratory, а видеото го објави The Verge.
Фостер објаснува дека на мобилните уреди се наоѓаат голем број податоци за нашите “акции, одлуки, преференци, движење и врски”.
Овие податоци можат да бидат користени со цел контрола на луѓето за да се создаде подобро општество, така што ќе се поттикнуваат корисниците побрзо и поефикасно да ги постигнат своите цели.
Сепак, како и се, оваа технологија исто така е можно да се злоупотреби.