Основачот на Telegram, Павел Дуров, кој беше уапсен во Франција минатата година, рече дека француските власти го замолиле да цензурира одредени гласови од Молдавија на платформата.
Оваа цензура ќе беше спроведена за време на парламентарните избори, доколку Дуров се согласил со нивните барања, вели основачот на Telegram.
Претприемачот тврди дека француските власти му рекле дека ќе му ја олеснат ситуацијата на суд ако го стори она што се бара од него. Наводно му било кажано дека француските разузнавачки служби ќе „кажат убави работи за него“ на судијата. Дуров вели дека ја одбил понудата, бидејќи била „неприфатлива“, објави Ројтерс.
Француското Министерство за надворешни работи се огласи на платформата X, велејќи дека Дуров и во минатото изнесел слични обвинувања против Франција. Дуров претходно оваа година тврдеше дека француското надворешно разузнавање го замолило да ги забрани конзервативните гласови на Telegram за време на романскиот изборен период.
Изборите се одржаа откако романските судови ги поништија резултатите од изборите во 2024 година, на кои неочекувано победи Калин Георгеску. Судовите тврдеа дека неговата кампања вклучувала руско мешање.
Француските власти го обвинуваат Дуров за олеснување на криминални активности на платформата, тврдење што претприемачот категорично го отфрла како „смешно“. По неговото апсење, популарноста на Telegram нагло порасна, бидејќи масовно население ја преземаше апликацијата во знак на поддршка.
Поврзани артикли