OpenAI воведе серија нови правила за корисниците на четботови под 18 години, кои вклучуваат ограничување на разговорите за сексуални теми и самоповредување.

Компанијата нагласува дека „безбедноста е поважна од приватноста и слободата за тинејџерите“ и дека малолетните корисници треба дополнително да бидат заштитени, рече Сем Алтман.

Алтман истакна дека OpenAI ќе развие долгорочен систем за разликување помеѓу корисници над и под 18 години, со стандард дека во нејасни случаи се применуваат построги правила.

Според новите правила, алатката ChatGPT повеќе нема да учествува во „флертувачки разговори“ со тинејџери, а воведени се дополнителни безбедносни мерки за разговори за сценарија за самоубиство.

Доколку малолетник го користи ChatGPT за да замисли самоубиствени ситуации, системот ќе се обиде да контактира со родителите, а во особено сериозни случаи и со локалната полиција, објави Tech Crunch.

Родителите кои ја поврзуваат сметката на своето дете со нивната сметка ќе можат да постават „времиња на блокирање“ кога ChatGPT не е достапен и ќе бидат известени доколку системот за вештачка интелигенција утврди дека тинејџерот е во опасност.

Новите мерки доаѓаат во контекст на тужби поради смртта на малолетник кој извршил самоубиство по месеци комуникација со овој чатбот.