Руската компанија Caviar која изработува ексклузивни додатоци на пазарот понуди соларен полнач со вклучен iPhone X и тоа за цена од „само“ 4.555 долари. Првиот произведен примерок наводно му бил подарен на Извршниот директор на Tesla и Space X, Елон Маск.
Основата на полначот е од карбон со декоративни елементи од злато. Компанијата Caviar објави дека ќе бидат изработени 999 примероци од овој производ и дека секој од нив има гравиран реден број. Како што ве информиравме за цената, таа изнесува 4.600 долари за моделот со 64GB внатрешна меморија, но постои и модел со 256GB внатрешна меморија кој ќе чини 4.850 долари.
Доколку ваквиот полнач ви се чини прескап, цените за стандардните полначи на соларна енергија се движат од 40-ина па и до 265 долари.