Звучи неверојатно, но е вистинито – од основањето на компанијата до денес Amazon стварил профит помал од 10 милијарди долари, додека Apple само во последниот квартал заработи 13,8 милијарди долари.
Apple, Amazon и Google се во трка која компанија ќе достигне највисока вредност на пазарот, вредност каква што досега не е забележана во историјата. Apple моментално има пазарна вредност од вртоглави 960 милијарди долари, Amazon вреди 780, а Google е приближно до таа бројка.
Ако го земеме во предвид тоа што Apple и Amazon моментално се двете највредни компании на светот, прилично неверојатна е информацијата која што ја објави “NBC” околу профитот на двете американски компании. Apple во текот на последната фискална 2017-та година забележа профит од рекордни речиси 50 милијарди долари, а само во првите три месеци од оваа година Apple оствари профит од 13,8 милијарди долари.
Сепак, интересно е тоа што во споредба со Apple, Amazon изгледа како прилично мала компанија. Иако ситуацијата околу профитот на компанијата се поправила во последниот период, во првиот квартал компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос остварила профит од 1,6 милијари евра, а иако многумина ќе помислат дека досега Amazon има остварено вртоглави профити, сепак податокот дека компанијата од основањето има остварено профит помал од 10 милијарди долари изгледа неверојатно.
Вкупниот остварен профит од основањето на Amazon до денес изнесува „само“ 9,6 милијарди долари, што значи дека Apple само во последниот квартал има остварено поголем профит од Amazon што има заработено од самото основање на компанијата.
Најинтересно е тоа што неодамна го изјави Ворен Бафет говорејќи за инвестирањето во Amazon или Apple. Тој со само еден збор ја опиша разликата помеѓу двете компании – профит.
Извор: Zimo.hr