Компанијата Microsoft призна дека можеби никогаш нема да може целосно да ја реши една од најчестите грешки во Windows Update системот, позната како 0x80070643.
Грешката најчесто се јавува при обид за инсталирање на ажурирање за Windows Recovery Environment (WinRE), дури и на компјутери кои ги исполнуваат сите технички барања, вклучително и доволно слободен простор на дискот.
Иако ажурирањето беше објавено во април за да се реши овој проблем, корисниците продолжија да пријавуваат идентични проблеми. Потоа Microsoft објави дека системот едноставно ќе престане да им го нуди ажурирањето на корисниците погодени од оваа грешка – што многумина го протолкуваа како откажување од решавање на проблемот.
Како дел од јулскиот Patch Tuesday, Microsoft објави ново ажурирање, KB5063523, кое има за цел да ја подобри функционалноста на WinRE. Сепак, и покрај тврдењето дека го „поправиле“ багот, тој сè уште се појавува во историјата на ажурирања на голем број корисници.
Документацијата на Microsoft јасно наведува:
„Грешката 0x80070643 е потврдена, но сепак може да се прикаже како порака, иако всушност не ја одразува вистинската состојба на системот.“
Со други зборови, станува збор за визуелен превид – корисникот е известен за неуспешно ажурирање, иако технички е успешно применето.
Поради природата на проблемот и начинот на кој Windows ги евидентира ажурирањата, Microsoft сега отворено признава дека можеби никогаш нема да може целосно да ја отстрани оваа грешка од корисничкото искуство.
Иако функционалноста на системот не е доведена во прашање, корисниците и ИТ администраторите сè уште се збунети – особено оние кои се потпираат на дневниците за ажурирања како мерка за безбедност и стабилност.
Microsoft советува најновите ажурирања да продолжат да се инсталираат редовно, а грешката 0x80070643 – ако се појави – да се игнорира, ако системот функционира нормално.